САД со критики до Бразил и Турција за договорот со Иран

Американскиот секретар Хилари Клинтон ги осуди намерите на Бразил и Турција за постигнување на договор со Иран за размена на нуклеарно гориво, нарекувајќи ја иницијативата опасна за глобалната безбедност. Според администрацијата на Обама договорот ќе му помогне на Иран да го избегне меѓународното единство, против нивната контроверзна нуклеарна програма. Тие нивните несогласувања му ги пренеле и на бразилскиот претседател Луиз Игнацио Лула Де Силва.