25 мртви во судир на возови во Индија

Најмалку 25 луѓе загинаа во Индија откако еден патнички воз излета од шините, поради експлозија и се судри со друг воз. Инцидентот се случил во близина на Калкута, а според официјалните лица бројката на жртви ќе биде зголемена. Местото каде се случила несреќата се смета за засолниште на индиските маоистички бунтовници, кои извршиле неколку напади во последниве месеци.