Северна Кореа со нови закани

Северна Кореа соопшти дека целосно ќе го поништи меѓукорејскиот договор чија цел е спречување случајни поморски судири по должината на спорната западна морска граница. Тензиите на полуостровот се зголемија драстично откако Северна Кореа беше осомничена дека стои зад потопувањето на јужнокорејскиот воен брод во март годинава кога загинаа 46 морнари. Севернокорејските власти отфрлија секаква вклученост во инцидентот и се заканија со војна доколку Јужна Кореа преземе некакви казнени мерки. Соопштението дојде неколку часа откако флота воени бродови на Јужна Кореја денеска започна вежби со цел, како што е соопштено, да ја подобри способноста во откривањето севернокорејски подморници.