Пакистан ја отстрани забраната на Јутјуб

Пакистанските власти соопштија дека го обновиле пристапот на популарната интернет страница за размена на видео содржини Јутјуб, но оти линковите со недолични содржини ќе останат затворени. Во минатата недела Пакистан ги збрани интернет страниците Јутјуб и Фејсбук во обид, како што е соопштено, да се спречи гледањето содржини кои го исмејуваат исламскиот пророк Мухамед.