БП: Затнување на дупката од која извира нафта оди по планот

Бритиш петролеум оценува дека операцијата за вмумпување на кал во дупката од која истекува нафта на дното од морето во Мексиканскиот Залив оди по планот. Сепак, тие велат дека се уште е рано да се знае дали операцијата за затнување на дупката ќе биде успешна.
Дупката се наоѓа 1600 метри под вода.
Истекувањето на нафтата во Мексиканскиот Залив предизвика голема штета на животната средина.