Пакистан делумно ги деблокираше „Фејсбук“ и „Јутјуб“

Пакистанските власти денеска соопштија дека делумно ќе го овозможат корисничкиот пристап до двата популарни интернет портали „Фејсбук“ и „Јутјуб“, но и понатаму ќе ги блокираат видео записите, нет групите и страниците кои се „навредливи за муслиманите“. Корисничкиот пристап до двата портали беше целосно блокиран минатата недела поради тоа што на „Фејсбук“ се отвориле групи кои ги повикуваат корисниците да исраќаат илустрации од пророкот Мухамед.