Епидемија убива антилопи во Казакстан

Властите во Казакстан соопштија дека 12.000 антилопи биле пронајдени мртви поради вирална епидемија која се шири во земјата. Животните, кои се прогласдени за загрозен вид, умреле од инфекција која ги напаѓа белите дробови, соопштија од одделот за епидемиологија во Западен Казакстан. Поради лов, во изминативе десетина години бројот на антилопи во Казакстан беше преполовен - од еден милион на педесетина илјади животни.