„Сони“ ќе промовира флексибилен екран

Јапонскиот електронски гигант „Сони“ денеска соопшти дека е создаден првиот прототип на флексибилен екран – видео екран кој може да се намота околу пенкало. Дисплејот бил конструиран од ултра тенок флексибилен материјал поврзан со полупроводници на органска база. Од јапонската компанија најавија дека ќе го презентираат прототипот на 27 овој месец на изложба во американскиот град Сиетл.