Автомобил бомба во Кандахар, нема повредени

Авганистанската полиција соопшти дека пред базата на тимот за реконструкција во Кандахар експлодирал автомобил бомба, но нема информации за повредени. Базата е под раководство на Соединетите Држави, а во неа работат странски цивили и воени претставници за обнова и безбедност на земјата.