Продолжија преговорите за обединување на Кипар

Кипарските ривалски лидери, по дво-месечен застој, денеска ги обновија преговорите за обединување на поделениот остров. Денешниот состанок е прв меѓу лидерот на кипарските грци Димитрис Христофиас и ново-избраниот претседател на кипарските турци Дервиш Ероглу. Претставниците на Обединетите Нации, кои се посредници во преговорите, изразија загриженост дека Ероглу, кој е потврдокорен од неговиот претходник Мехмед Али Талат, ќе отстапи од досегашниот начин на преговори со Христофиас, но сепак изразија надеж дека е можен договор за неколку месеци.