Главниот хашки обвинител во Хрватска

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц ја продолжува посетата на Хрватска, каде што ќе се сретне со официјални претставници на оваа земја. Посетата е дел од неговите подготовки за поднесување на редовниот полугодишен извештај до Советот за безбедност на ОН. Писмениот извештај Брамерц ќе го упати до Советот кон крајот на овој месец, а усно ќе го образложи во Њујорк на 18 јуни. Хашкиот обвинител утре и задутре на Бриони ќе учествува на регионалната конференција на обвинителите од земјите од поранешна Југославија.