Српскиот премиер во посета на Словенија

Премиерот на Србија Мирко Цветковиќ се наоѓа во посета на Словенија, каде што ќе разговара со својот колега Борут Пахор, со шефот на државата Данило Тирк и со други претставници на словенечките власти. Двајцата премиери ќе присуствуваат и на Бизнис форумот на словенечки и српски стопанственици.