САД ја зголемуваат безбедноста на границата со Мексико

Американскиот претседател Барак Обама ќе распореди повеќе од 1200 припадници на Националната гарда на границата со Мексико и побара 500 милиони долари за зголемување на заштитата на границата. Според американски официјални претставници, овие средства ќе бидат искористени за подобрување на технологијата на границата и за размена на информации и поголема поддршка меѓу агенциите од областа на нелегалната трговија со луѓе, дрога, оружје и пари.