Северна Кореја ќе ги прекине врските со јужниот сосед?

Севернокорејските власти најавија дека ги прекинуваат сите врски со јужниот сосед, јавија новинските агенции. Неофицијално, одлуката на севернокорејските власти се должи на кампањата која Јужна Кореја ја лансираше денеска поради потопувањето на јужнокорејски брод, при што загинаа 46 морнари. Јужнокорејскикте власти го обвинуваат северот дека стои зад инцидентот, додека официјален Пјонгјанг ги демантира обвинувањата. По отпочнувањето на радио пропаганда, јужнокорејските власти најавија и дистрибуирање на флаери меѓу жителите на Северот со цел да ги информира за инцидентот.