Петнаесетмина странци загинале во авионската несреќа во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека петнаесетмина странци биле на авионот кој се урна минатата недела во Хинду Кушш планините. Во групата странски патници имало три лица од Пакистан, и тројца членови на екипажот од Таџикистан. Во авионот на „Памир Ервејс“ имало 44 патници и членови на екипажот. Во несреќата нема преживеани. Авганистанските власти дополнително соопштија дека меѓу загинатите имало и тројца Американци, тројца Турци и тројца Британци. До сега се идентификувани 13 тела.