Генерал-мајор Френк Киснер во официјална посета на Македонија

Првиот човек на командата за специјални операции на САД за Европа генерал-мајор Френк Киснер денеска и утре престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти Министерството за одбрана, Киснер ќе се сретне со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски и со државниот секретар во Министерството за одбрана Петар Есмеров. Предвидено е Киснер да го посети полкот за специјални операции на АРМ.