Бланшар - сомнежи дека Грција ќе успее да го врати долгот

Главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Оливие Бланшар предупреди дека пазарите ќе останат „загрижени“ се додека не се отстрани неизвесноста, околу тоа дали ЕУ ќе ја реализира ветената помош за грчката Влада и дали Грција ќе биде во состојба да го врати долгот. Бланшар во интервју за францускиот весник „Трибу“ истакна дека со оглед на однесувањерто на грчките власти во минатото, нивното сомневање е разбирливо.