ЕУ на есен со предлог за безвизен режим за Украина

Европската Унија и соопшти на Украина дека оваа есен ќе излезе со конкретен предлог за безвизен режим. Комесарот за проширување Штефан Филе ова го изјави на неформалниот состанок на „Источно Партнерство“ во Сопот во Полска. Филе рече дека безвизниот статус за Украина ќе зависи од исполнување одредени услови.