Денот на Младоста ќе се одбележи со штафети

Шест штафети на младоста од шест градови на Поранешните југословенски републики ќе бидат денеска донесени во Музејот 25-ти мај во Белград. По повод 118 годишнината од раѓањето на Јосип Броз Тито , штафетите ќе ги прими внукот на некогашниот претседател на Југославија, Јосип Јоска Броз.Во Скопје, Сојузот на Титови леви сили и Здружението на граѓани „ЈБТ“ годишнината ќе ја одбележат пред средното училиште кое го носи неговото име.