Иран испрати писмо до МААЕ за договорот за размена на ураниум

Иранските власти денеска соопштија дека испратиле допис до Меѓународната агенција за атомска енергија во кој се објаснува предложената размена на збогатен ураниум. Писмото е испратено по потпишувањето на договорот за размена на ураниум минатата недела меѓу Иран и Турција со подршка на Бразил. И покрај договорот за размена, Иран нема да ги прекине активностите за збогатиување на ураниум, соопштија властите во исламската република. Од друга страна, Обединетите нации бараат од официјален Техеран да престане со збогатувањето, стравувајки дека нуклеарната програма може да произведе оружје.