Најмногу пораки изминатава недела на интернет страницата на радио Слободна Европа се во врска со потврдувањето на пресудата за Јохан Тарчуловски од страна на Хашкиот Трибунал. Пораките, патем, покажуваат колку се поделени нашите граѓани на „наши“ и „нивни“.
Најмногу пораки, почитувани, на нашата веб-страница неделава има во врска со потврдувањето на пресудата на Јохан Тарчуловски во Хаг. И пораките, патем, покажуваат колку се поделени нашите граѓани на наши и нивни, нешто, што впрочем го знаеме сите, ама никако да го надминеме. Некој безимен од Дојран му порачува на Јохана да издржи машки, а кога ќе се вратиш, вели, „отпеј кој ти го зезна животот и зошто“. Грчевски Стеван од Струга смета дека оваа пресуда на Хашкиот трибунал е срамна и вели, „се гледа дека судот не е создаден за сите“, протестирајќи зошто нема судено и осудено ниту еден Албанец и смета дека ним им се гледа преку прсти. Дека хашките судии не се праведни смета и некој слушател потпишан со „С и В“, а како град ставил „Македонија“.
Слушателот е разочаран од неправдата што, според него, му е нанесена на Тарчуловски и вели „Ако е тоа вашата демократија, Бог да чува од членство во ЕУ“. Фљурим од Тетово напишал само еден збор: „Супер“, а анонимен слушател и пишувач на пораки, исто така само еден збор: „Срам“. Сите, заборавајќи дека во светот на политиката, па и на правдата - се' е политика. Во врска со информациите дека Македонија повеќе надежи има од претседателствувањето на Унгарија и на Полска со ЕУ, еден наш слушател резигнирано прашува „Еј народе македонски, зарем уште верувате на тие лаги без граници? Па со Унијата претседаваше и Словенија, ама ништо не направи зашто реално ниту можеше да направи. Ова е конечен доказ дека на Груевски и на кликата околу него не им држи да го решат прашањето за името“, смета слушателот и мисли дека Груевски чекал предвремени избори, да изгуби на нив, за проблемот да го префрли во рацете на други.
И малку за внатрешната политика: во врска со нашата анализа дека Рамковниот се спроведува на туркање, Ардит од Тетово ни пишува: „Туркање или влечење, ама тешко“. Можеби Ардит требало да напише малку повеќе за тоа на што мисли конкретно.
Ако е тоа вашата демократија, Бог да чува од членство во ЕУ.

Еј народе македонски зарем се уште веруваш на тие лаги без граници.