Поплави во централна Полска

,,Состојбата по течението на реката Висла е полоша од онаа што ја предвидуваме.,, Ова денеска го изјави полскиот министер за внатрешни работи Јежи Милер по синоќешните напори на војската да ги зацврсти насипите со цел да се избегнат поплавите во земјата. Според неофицијални податоци досега во поплавите во Полска загинале 13 луѓе, а штетите се проценуваат на над три милијарди евра.