Првични резултати од локалните избори во Црна Гора

Демократската партија на социјалистите не освои апсолутно мнозинство на вчерашните локални избори во главниот град на Црна Гора, Подгорица, покажуваат неофицијалните резултати од изборните штабови. Според податоците од Социјалдемократската партија и обединетата опозиција, формирањето на градската управа ќе зависи од социјалдемократите. Врз основа на 70 насто изброени гласови, ДПС освоила 28, обединетата опозиција 24 а СДП пет мандати.