Опозицијата во Албанија се враќа во Парламентот?

Пратеничката група на албанските социјалисти денеска ќе одлучува во врска со новата парламентарна агенда, по најавата за започнување разговори на власта и опозицијата, како резултат на големиот притисок на меѓународниот фактор. Постојат најави дека ќе биде донесена одлука не само за учество на пленарната седница закажана за в четврток туку и во парламентарните комисии. Опозиционите социјалисти парламентот го бојкотираат поради неисполнетите барања за истрага на изборите и отворање на гласачките кутии, зашто нивен став е дека изборните резултати се фалсификувани.