Неуспешни преговори, вработените во „Бритиш Ервејс“ ќе штрајкуваат

Вработените во „Бритиш Ервејс“ ќе штрајкуваат во понеделник, потврди денеска портпаролката на синдикатот Паулина Дојл за американската телевизија „Си – Ен – Ен“. Одлуката за штрајкот била финализирана по неуспешните преговори меѓу менаџментот на компанијата и синдикатот на вработените. Според се уште непотврдени информации, менаџментот на „Бритиш Ервејс“ изразил подготвеност за нова рунда преговори со синдикалните лидери. Вработените во британската авиокомпанија се незадоволни од ниските плати, последица од одлуката на менаџментот за намалување на трошоците.