Стечајците ја обвинија Јанкуловска за кршење на закон

Здружението на стечајни работници „УНИТ“ на денешната прес-конференција пред Владата соопшти дека министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го прекршила Законот за јавни собири. Говорејки за последните протести на здружението, кога стечајците го блокираа автопатот кај Скопје, претседателката на „УНИТ“ Лилјана Георгиевска забележа: „Многу ни беше тешко да се справиме со нервозните возачи. Некои од возачите на патот за Тетово кај Сарај извадија и огнено оружје“. Таа додаде дека стечајните работници ќе ги продолжат протестите и бараат со ребалансот на буџетот да бидат обезбедени пари за решавање на нивниот статус.