Почина Академик Гане Тодоровски

Во Скопје синоќа на 81 година почина академик Гане Тодоровски, соопштија денеска Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Академик Тодоровски е роден во Скопје, на 11 мај 1929 година. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што бил дологодишен професор. Toj беше првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. За член на Македонската академија на науките и уметностите беше избран во 1997 година.