Јужнокорејските власти против Северна Кореа пред Обединетите Нации

Јужнокорејските власти најавија дека ќе го пријават случајот со потопените бродови во Безбедносниот совет при Обединетите нации. Јужнокорејскиот претседател би требало да одржи говор во врска со инцидентот со Северна Кореа во понеделник. Минатата недела беше објавен извештај во кој се констатира дека севернокорејска подморница потонала јужнокорејски брод, при што загинале 46 морнари. Севернокорејските власти ги демантираа обвинувањата. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ќе разговара на оваа тема со кинеските власти во Пекинг.