Волш: Штрајкот нема да го приземји „Бритиш Ервејс“

Најавениот штрајк на вработените нема да ги приземји авионите на Бритиш Ервејс, рече денеска првиот човек на компанијата Вили Волш. Како што пренесува „Ројтерс“, Волш изразил надеж дека ќе биде постигнат договор со синдикалните лидери на вработените, кои се бунат против ниските плати, последица од одлучноста на авиопревзникот сда ги намали трошоците. Вработените за утре најавија прв од серија штрајкови.