Акција за чистење на Банкок по немирите

Градските власти во Банкок денеска организираат акција за чистење на градот по неодамнешните протести. Владините згради, училиштата и комерцијалните објекти би требало повторно да се отворат, по протестите на илјадници приврзаници на опозицијата, популарно наречени „црвените кошули“. Во немирите беа уништени 40 поголеми објекти а главниот град на Тајланд беше блокиран. Повќемина загинаа во судирите меѓу вооружените сили и црвените кошули.