Истражители ги прегледуваат остатоците од урнатиот авион на „Ер Индија“

Истражители денеска ги прегледуваат остатоците од индискиот патнички авион кој се сруши вчера во југоисточниот дел на Индија. Авионот на компанијата „Ер Индија“ марка „Боеинг 737“ со 160 патници и шестмина членови на екипажот се урна во бездна во близина на аеродромот во Мангалор при што загинаа 158 лица а осуммина преживеаа. Властите се надеваат дека црните кутии од леталото ќе ги разјаснат околностите во кои настанала несреќата. Пилотот, по потекло од Србија, бил многу искусен, потврди индијскиот министер за транспорт Прафул Пател.