Иран и Грузија се договорија за визна либерализација

Иранските власти потврдија дека постигнале договор за визна либерализација со Грузија. Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Рамин Мехмапараст рече дека Иран дополнително размислува за отворање на конзуларно претставништво во Грузија. Како што пренесуваат новинските агенции, иранските власти дополнително планираат формирање на меѓувладина комисија која би требало да работи на подобрување на економските односи меѓу двете земји.