Петмина уапсени во Косово, полицијата пронашла оружје

Косовската полиција уапси петмина и заплени поголемо количество на оружје, изјави денеска портпаролот на полицијата во Призрен, Хазир Бериша. Полицијата синоќа извршила претрес во осум куќи во Призрен и околината при што открила и конфискувала автоматски пушки, пиштоли и униформи. Во акцијата учествувале 120 полицајци.