Протести во Русија

Протести се одржуваат денеска во неколку руски градови во чест на шеесет и шестмината загинати во експлозиите во рудникот Распадскаја минатиот месец. Седумдесетмина лица се собраа во Калинград а во Владивосток триесетмина лица се собраа за да им оддадат почит на загинатите. Демонстрантите ги подржуваат барањата на рударите за подобрување на работните услови и зголемување на платите.