Обид за избегнување на нов штрајк во „Бритиш Ервејс“

Првите луѓе на авиокомпанијата „Бритиш Ервејс“ денеска би требало да се сретнат со синдикалните лидери на вработените. Разговорите, како што јави новинската агенција „Ројтерс“ ќе се фокусираат на избегнување на најавениот петдневен штрајк во понеделник. Вработените во британската компанија се бунат против намалувањето на нивните плати, последица од одлучноста на нивните менаџери за намалување на трошоците. Најавениот штрајк во понеделник е само еден од пет планирани прекини на работата. Менаџментот на „Бритиш Ервејс“ пак, стравувајки дека илјадници патници нема да бидат услужени, неделава најави дека ќе работи на контингенциски план со кој сите летови ќе се одвиваат навремено.