Тројца загинати во Северен Кавказ

Тројца затворски стражари загинаа денеска во престрелка со за сега непознати напаѓачи во регионот Кабардино Балкариа во Северен Кавказ. Нападот се случил во близина на градот Прокладнји, се вели во соопштение од канцеларијата на јавниот обвинител. Во претсрелката биле убиени две жени и еден маж а уште едно лице било повредено. За сега нема дополнителни детали за настанот.