Германија не треба брзо да се повлече од Авганистан, смета Гутенберг

Пребрзото повлекување на германските трупи од Авганистан може да предизвика дестабилизација на земјата, предупреди денеска германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг. „Ако падне Авганистан ќе падне и Пакистан, земја која има нуклеарно оружје“ рече Гутенберг и додаде „Воопшто не би сакал да видам дека терористи добиле нуклеарно оружје“. Германската воена мисија во Авганистан, во која се вклучени 4,000 војници, во последно време е многу непопуларна во германската јавност.