БиХ: голема акција против организираниот криминал

Босанската полиција вчера и денеска спровела рација на стотина локации како дел од широката операција во борбата против организираниот криминал. Притоа, како што наведуваат агенциите, биле уапсени 60 луѓе, меѓу нив и двајца полицајци. Во акцијата биле запленети и големи количества дрога и оружје.