САД ги предупредуваат американците во Пакистан

Амбасадата на САД во Пакистан предупреди дека терористички групи би можело да имаат воспоставено врски со една угостителска компанија со седиште во Исламабад. Американските граѓани во Пакистан се предупредуваат да не го користат катеринг сервисот на компанијата Ханиф Раџпут. Се наведува дека сервисот бил во сопственост на луѓе кои биле поврзани со неуспешниот обид за напад со автомобил бомба во Њујорк.