Католичката црква претпазлива за првиот вештачки организам

Католичката црква соопшти денеска дека создавањето на првиот вештачки организам може да претставува позитивен развој доколку биде употребен за корисни цели. Сепак, Ватикан предупредува дека само Господ може да создава живот. Претходно американски научници соопштија дека создале прв вештачки организам со вбризгување на вештачки направен ДНК во клетка на бактерија. Таа потоа продолжила самостојно да се дели и тоа со хромозомот на вештачкиот ДНК. Овој научен потфат е оценет за клучен чекор кон создавање вештачки живот.