Медведев против изградбата на облакодерот во Санкт Петерсбург

Рускиот Претседател Дмитриј Медведев ги подржа напорите на Агенцијата за заштита на културното наследство на ОН за запирање на градбата на облакодерот од метал и стакло во Санкт Патерсбург. Кулата е планирано да биде висока 403 метра и во неа да биде сместен рускиот гигант Гаспром. Премиерот Путин кој е меѓу подржувачите на проектот претходно изјави дека проектот вреден 3 милијардои долари ќе и помогне на градската економија.