Македонија во чест на Свети Кирил - делагацијата отпатува за Рим

Државната делегација на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска отпатува за Рим по повод традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил”, која секоја година се одржува во главниот град на Италија. Претседателот на Собранието и членовите на делегацијата утре ќе имаат аудиенција кај папата Бенедикт 16, а ќе се сретнат и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Тарчисио Бертоне. Делегацијата на 24 мај ќе учествува на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во рамките на посетата на Рим на 25 мај ќе оствари средба и со претседателот на италијанскиот Парламент Џанфранко Фини.