Министрите за финансии на ЕУ за кризата на еврото

Министрите за финансии на Европската унија на денешниот состанок во Брисел треба да разговараат за начините за спречување на евентуална нова должничка криза како онаа во Грција и за враќање на довербата во еврото. Германската канцеларка Ангела Меркел повика на построга казна за државите кои не ги почитуваат правилата. Германскиот парламент денеска ќе расправа за пакетот на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, вреден 750 милијарди евра, со кој треба да се гарантира стабилноста во еврозоната.