Расмусен во посета на Косово

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска во Приштина, како што е најавено, ќе ги изложи плановите на Алијансата за Косово до крајот на годинава. Предвидено е Расмусен да се сретне со помошник командантот на КФОР, генерал потполковник Маркус Бентлер. Врховниот командант на НАТО, адмирал Џејмс Ставридис деновиве најави намалување на бројот на војниците во рамките на КФОР, со образложение дека ситуацијата „не е идеална, но се движи во добра насока“.