Седница на Постојаниот комитет на СЕ во собранието

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го употребува терминот Македонско претседателство за време на шестмесечното претседавање на Македонија со Комитетот на министри, изјави претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевљут Чавушоглу. Тој соопшти дека тоа е политичка одлука и никој не го споменува името на нацијата и дека ова е Македонско претседателство и треба да се почитува. Во собранието денеска ќе се одржи седница на Постојаниот комитет на Советот на Европа, а Чавушоглу ќе се сретне и со претседателот на Парламентот Трајко Вељановски и претседателот Ѓорѓе Иванов.