Референдум во Република Српска за Инцко?

Владата на Република Српска ќе свика референдум за тоа дали високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко ја злоупотребува власта и го нарушува Дејтонскиот мировен договор. Во извештајот на владата испратен до Советот на безбедност на Обединетите нации се вели дека тој издавал наредби, кои не се во негова надлежност. Сеуште не се знае кога ќе биде спроведен референдумот.