Синдикатот на „Бритиш Ервејс“ доби на суд

Синдикатот на вработените во „Бритиш Ервејс“ денеска на суд го доби спорот со британската авиокомпанија. Врховниот суд пресече дека фирмата немала право да го спречи штрајкот на вработените, кои се бунат против ниските плати, последица на детерминираноста на авиопревозникот да ги намалали трошоците. Од синдикатот изјавија дека нема да штрајкуваат пред понеделник. Од „Бритиш Ервејс“, пак, соопштија дека се „многу разочарани“ од пресудата, додавајки дека менаџментот ќе работи на контингенциски план со кој би требало редовно да се одвиваат ситезакажани летови.