Одлична соработка меѓу Македонија и Советот на европа, констатираат Груевски и Чавушоглу

Постои одличнa соработка меѓу Република Македонија и Советот на Европа, констатирале на денешната средба во Владата премиерот Никола Груевски и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавушоглу. Груевски, како што соопшти владината прес служба, ги истакнал реформите и модернизацијата кои Владата ги спроведува во Македонија. Двајцата соговорници констатирале дека од интерес на двете страни е овозможување на квалитетно претседавање на Македонија со Комитетот на министри на Советот на Европа, како и поддршка и асистенција во реализацијата на приоритетите.