Генерален штрајк во Грција

Грчките синдикати за денеска закажаа нов генерален штрајк против владините мерки за штедење. Поголемиот дел од јавниот сектор нема да работи, а во Атина е планиран марш за кој полицијата страхува дека може да се претвори во насилства. За време на генералниот штрајк на 5-ти овој месец, три лица настрадаа.