Полициски час во Тајланд уште три дена

Властите на Тајланд го продолжија и во наредните три дена полицискиот час во Банкок и во уште 23 други провинции, по крвавите судири меѓу армијата и анти-владините демонстранти во Банкок. Агенциите јавуваат дека и денеска се во пламен 20-тина објекти во Банкок каде што во нередите загинаа најмалку 50 лица.